За нас

Целта на НФС – Дарителски регистар на срцевина [НФС-ДРС] е да го воведе, одржи и унапреди системот во невладиниот сектор кој овозможува трансплантација на коскена срцевина и периферни крвни клетки од доброволни несродни дарители на пациенти со хематопоетски или други животно загрозувачки заболувања.

НФС-ДРС зацрта непрекинато да ги исполнува следните четири мисии:

Првата мисија на НФС-ДРС е да помогне во разбирањето на несродните трансплатации во нашата држава како достапен живото-спасувачки третман и да обезбеди соодветен дарител за најголем можен број на пациенти, главно со воведување, одржување и проширување на регистерот кој содржи доволен број на ХЛА типизирани дарители. Во исто време НФС-ДРС ќе развие најблиска можна соработка со програмите за дарување коскена срцевина во другите земји.

Втората мисија на НФС-ДРС е постојано да развива процедури и стандарди кои се оптимални и за дарителот и за пациентот. Во однос на проблемите со дарување на коскена срцевина, НФС-ДРС ќе направи процедури и стандарди кои се однесуваат на регрутирање на дарители на коскена срцевина, собирање на коскена срцевина и грижа за дарителот после собирањето на истата. Погоре спомнатите процедури мора да гарантираат сигурност, удобност, доверба и анонимност како и генерално добро чувство кај секој дарител. НФС-ДРС секогаш ќе прави напор да ги осовремени стандардите во согласност со Светската асоцијација за дарители на срцевина (WMDA).

Третата мисија на НФС-ДРС е да земе учество во истражувачки проекти фокусирани на клиничките резултати од трансплатација со несродни дарители. Ќе бидат подржани и ретроспективни и проспективни студии со цел да се утврди клиничкиот успех од трансплантации од несродни дарители, оптималната процедура при изведување на несродни трансплантации и евалуација на медицинските, психолошките и социјалните влијанија на собирањето коскена срцевина врз дарителот како и евентуално базично испитување во полето на трансплантационата генетика и биологија.

Четвртата мисија на НФС-ДРС е да овозможи еднаков, директен и брз пристап до базата на дарители на коскена срцевина на сите граѓани на нашата држава како и во странство, каде што индивидуално е решена потребата од несродна трансплантација на коскена срцевина. Специјално внимание ќе биде посветено на елиминација на финансиските бариери со кои може да се сретнат пациентите на кои им е потребна несродна трансплантација на коскена срцевина.