Пациентски апели

Содржина

Содржина

Без разлика дали сакате да регрутирате нови дарители на матични клетки за поддршка на одреден пациент (ние ова го нарекуваме „апел за пациентот“), да соберете животоспасувачки средства за да финансирате нови дарители или да ја подигнете свеста помеѓу вашите пријатели, ние сме тука за да ви помогнеме.

Вклучете се во апел

Вклучувањето во апел може да помогне во достигнување на нова публика и подигање на многу потребната свесност за нашата работа. На кој начин и да сакате да се вклучите, ние сме тука да Ви помогнеме во секој чекор со:

  • Регрутирање на дарители на матични клетки во вашите мрежи - од училишта до универзитети, групи во заедницата до вашето работно место, имаме тим подготвен за работа.
  • Прибирање средства со вашите пријатели и семејство. Не можеме да ја завршиме нашата животоспасувачка работа без витални средства - нашиот тим за прибирање средства е на другиот крај од слушалката за да помогне.
  • Споделување на вашата приказна преку печат и на социјалните медиуми - нашиот прекрасен тим за комуникации може да помогне со сите детали.

Ве молиме исконтактирајте не - јавете ни се на бесплатниот телефонски број 08000 8888, или на мобилниот телефон 389 71 212233 за да го разработиме и одбереме најдобриот начин за помош.

Неколку совети за да започнете со подигање на свеста преку социјалните мрежи

Одлично место да започнете со ширење на веста е на социјалните мрежи каде што вашите пријатели можат да ја прошират веста дополнително. Така, составивме неколку врвни совети кои ќе ви помогнат да извлечете максимум од социјалните мрежи и да добиете што е можно повеќе луѓе што споделуваат.

Совети за Фејсбук

Направете го тоа лично

Поставувањето страница на Фејсбук е одлично место за почеток - дајте име и додадете фотографија за да ја направите лична (селфи или слики од телефон се одлични) и проверете дали ќе ја споделите со нас или ќе го означите @НФСДРС за да можеме да помогнеме со ширењето на веста.

 

Какво име да одберам?

Изберете име што навистина ве одразува кои сте и што правите - и ако е исто така незаборавно, тоа е одлично, бидејќи лесно ќе ве најдат и следат. На пример „Надеж за Виолета“ или „Натпревар за Борис“.

 

Животот пред камера

Споделувањето фотографии е секогаш привлечно и ќе ја направи вашата страна да се издвојува. Можете исто така да споделувате видеа во живо на Фејсбук, или прикачување на филмови и клипови за благодарност за вашите следбеници. Само имајте на ум дека не секој сака да ја споделува својата фотографија, па затоа секогаш обидувајте се да добиете одобрување пред да објавувате - побарајте одобрување пред да објавувате со приватна порака, е-mail или уште подобро, лично.

 

Обновувајте

Не заборавајте да продолжите да ја обновувате вашата страна со нови вести за вашата кампања, фотографии, достигнувања во прибирањето на средства и линкови до релевантни вести. Ова ќе помогне да се осигурате дека вашата страна постојано се појавува на почетната страна на луѓето, дозволувајќи и на вашата приказна да достигне нова публика.

 

Лајкувајте не

Бидете сигурни да ја „лајкувате“ страницата НФСДРС за да можеме да ве поддржуваме - и известете не дали сакате да ја споделиме вашата страна со нашите следбеници. Проверете ја нашата Фејсбук страница за да видите што објавуваат другите на https://www.facebook.com/sfsmdr.

 

Добро е да се сподели

За да ја направите вашата содржина што е можно повеќе споделувана, додадете фотографии, линкови и лични пораки за навистина да привлечете внимание и да им олесните на другите пациенти и семејства да ве најдат и да се приклучат на заедницата што поддржува.

Клучни информации за НФС - Дарителски регистар за срцевина (НФСДРС)

Подолу се наведени неколку клучни факти и статистики што можеби ќе ви бидат корисни. За повеќе информации, контактирајте не на имејл од фондацијата или на бесплатниот телефонски број 08000 8888.

НФСДРС го користи својот регистар за да ги спои потенцијалните дарители на матични клетки со пациенти со крвен канцер кои имаат очајна потреба од трансплантација на матични клетки.
Потребни ни се повеќе мажи на возраст од 18-50 години да се пријават бидејќи се помалку застапени во регистарот. Младите во моментов сочинуваат само 18% од нашиот регистар, но тие даваат неверојатни 55% од сите донации.

Младите, исто така, најверојатно ќе бидат избрани да донираат бидејќи обезбедуваат подобри резултати за пациентите, а помала е веројатноста да имаат долгорочни здравствени проблеми што може да ја одложат или спречат донацијата.

Итно ни требаат повеќе луѓе од малцинско етничко потекло за да се пријават како дарители на матични клетки (Албанци, Власи, Роми, Турци, Срби, Македонци муслимани и други).

Само 0.12% од луѓето во Република Македонија се регистрирани како потенцијални дарители на срцeвина наспроти 13% во Кипар (108 пати повеќе), 12% во Израел (100 пати повеќе), 9% во Германија (75 пати повеќе), 1.5% во Хрватска (12.5 пати повеќе) и 1.0% во Словенија (8.3 пати повеќе).

Околу 90% од трансплантациите на матични клетки (срцевина) се одвиваат преку собирање на матични клетки од периферна крв (PBSC). Оваа постапка е слична на дарување крв. Потребни се околу 5 часа и е едноставна амбулантска постапка. Останатите 10% од трансплантациите на матични клетки се одвиваат преку земање матични клетки од карличните коски.

Откако ќе се приклучите во регистарот, имате шанса 1 на 800 да ве повикаат да донирате. Но, вашата шанса да бидете избрани да донирате зависи од вашата возраст и пол. Еден млад маж на возраст од 16-30 години има шанса 1 наспрема 200 да биде избран да донира.

За да се приклучите на нашиот регистар, мора да сте на возраст од 18 до 50 години, да имате повеќе од 50 кг и да имате општо добро здравје.

Во однос на крвниот канцер

Постојат три главни типа на крвен канцер: леукемија, лимфом и миелом.
Крвните канцери се опасни по живот делумно затоа што го запираат имуниот систем на една личност да функционира правилно.
Кога нечиј имун систем е сериозно оштетен, лицето може да почине од инфекција со која телото во нормални услови може да се избори.
Во просек, на 104 лица на ден им е дијагностициран крвен канцер.

Тоа е еден човек на секои 14 минути.

Третман на крвен канцер

Сите крвни клетки потекнуваат од коскена срцевина од ист тип на клетки, наречени крвни матични клетки.
Трансплантација на крвни матични клетки (или коскена срцевина) може да го замени оштетениот имун систем кај лице со крвен канцер - но само ако типот на ткиво на дарителот се совпадне.
За многу луѓе со крвен канцер, трансплантацијата е нивната последна шанса за живот.
Трансплантацијата функционира со земање на крвни матични клетки од здрав дарител и нивно всадување во пациент со крвен канцер или крвно нарушување.
Дарителот и реципиентот мора да имаат ист тип на ткиво. Бидејќи има милиони различни комбинации, наоѓањето соодветен дарител е многу комплицирано.

Потреба

Итно ни се потребни повеќе луѓе да се придружат на нашиот регистар за да можеме да обезбедиме повеќе совпаѓања и да спасиме повеќе животи.
Како добротворна организација, потребни ни се повеќе средства за да ја зголемиме нашата животоспасувачка работа. Проширувањето на нашиот регистар на дарители чини пари.
Колку повеќе средства имаме, толку повеќе животи можеме да спасиме.

Совети за Твитер

Дајте му име

Бидете сигурни дека сте одбрале релевантно корисничко име, за луѓето да знаат кој сте и лесно да ве најдат. Кажете „здраво“ со означување на @НФСДРС - на тој начин можеме да застанеме зад вас и да помогнеме во ширењето на веста.

 

Хаштаг

Истото важи и за #хаштаг. Означете ги своите објави со релевантни зборови или фрази, за да може лесно да се најдат. Може да означувате и релевантни познати личности и да прашате дали можат да подадат рака за да ја прошират веста. Погледнете наоколу што прават другите луѓе за да ви помогнат да започнете

 

Кратко и слатко

Нека биде кратко и лесно за споделување и твитувајте онолку често колку што сакате за да создадете следбеници и навистина да го започнете разговорот.

Апели