Разбирање на трансплантацијата на матични клетки

Содржини

Содржини

Само што сте дознале дека вам или на некој ваш близок му е потребна трансплантација на матични клетки. Нормално е да се чувствувате загрижено, збунето и исплашено од процесот кој следи и сигурно имате многу неодговорени прашања.

Откривањето информации за трансплантацијата може да ве поттикне и да ви помогне во градењето на вашата самодоверба за справување со состојбата.

Во овој дел ќе ви помогнеме да разберете што прават матичните клетки и зошто тие се толку важни. Има информации за тоа како го пребаруваме нашиот регистар за дарители на матични клетки и можни алтернативи ако дарителот не може да се најде веднаш. Исто така разгледуваме различни опции доколку финанцирањето на трансплантацијата не е првично достапно.    

Ќе ви понудиме одговори на следните прашања:

Што е тоа трансплантација на матични клетки?

До сега, сигурно сте го слушнале терминот ‘трансплантација на матични клетки’, ‘трансплантација на коскена срцевина’ или ‘хематопоетска трансплантација на матични клетки’, но можеби не сте 100% сигурни што се точно и што вклучуваат. Ако имате болест која ја засега вашата коскена срцевина и крв, можеби ова ќе биде најдобриот третман за вас. 
За време на трансплантацијата на матични клетки, вашиот медицински тим ќе ги замени вашите матични клетки со нови, здрави матични клетки од погоден дарител. По одредено време, тие ќе се прикачат за вашата коскена срцевина и ќе започне продукцијата на нови крвни клетки. Вашите нови матични клетки ќе бидат одбрани од дарител кој е најмногу компатибилен со вас- за да ви даде што поголема шанса да ја поминете болеста.

 

Во овој дел, одговараме на следните прашања:

Матичните клетки се примарните клетки на телото. Сите други клетки, ткива, органи и коски се развиваат од матични клетки. Крвните матични клетки живеат во нашата коскена срцевина, меките ткива во средината на коските. Крвните матични клетки се одговорни продукција на голем број различни видови на крвни клети. Сите имаат уникатна функција и задача за да ја одржуваат нашата крв здрава. Нашите крвни матични клетки треба да продуцираат точна количина од секој тип на крвни клетки. Ако овој прецизно контролиран процес тргне наопаку, може да резултира со тоа вашата крв да има премногу крвни клетки кои не се целосно развиени односно диференцирани. Поради ова може да дојде до појава на крвен канцер и крвни нарушувања.

Црвени крвни клетки: најобилни крвни клетки. Тие вршат транспорт на кислород до сите ткива во телото. Можеби имате слушнато дека се нарекуваат и еритроцити. Ако имате помал број на еритроцити во крвта или тие не функционираат како што треба, може да се предизвика анемија. Бели крвни клетки: клетки кои го претставуваат вашиот имун систем и се борат против инфекции. Тие можат да се поделат во неколку групи во зависност од функцијата која што ја имаат.

 

Неутрофили: едни од првите клетки кои реагираат на инфекции. Неутрофилите се најмногу застапениот вид на бели крвни клетки. Кога патуваат до местото на инфекција, често се појавува инфламација и отекување.

 

Лимфоцити:постојат два вида, Б и Т-клетки. Т клетките ги идентификуваат туѓите тела и ги регрутираат другите клетки за помош, додека Б клетките продуцираат и секретираат антитела.

 

Плазма клетки: зрели Б клетки кои продуцираат различни видови на антитела за борба против инфекции. Кога настанува проблем со нивната продукција и развој, може да доведе до миелом.


тромбоцити: помагаат во згрутчувањето на крвта по повреди.

И двата вида на трансплантација даваат ист резултат- пациентот се здобива со матични клетки кои ќе се развијат во нов имун систем. Главната разлика е како клетките се колектирани од дарителот. За 90% од донациите, матичните клетки се собираат од крвотокот на дарителот преку процес познат како периферна колекција на крвни матични клетки (PBSC- peripheral blood stem cell collection). Нивната крв поминува низ мала цевка во машина која ги колектира матичните клетки, и крвта потоа се враќа во телото. Процесот е многу сличен на дарување крв но трае подолго. За 10% од донациите, матичните клетки се колектирани од коскената срцевина на дарителот. Се изведува мал хируршки зафат, користејќи игла за колектирање на коскена срцевина од карлицата на дарителот под општа анестезија. Методот на колекција на матични клетки зависи од болеста и состојбата на пациентот, возраста и општото здравје. Вашиот доктор ќе процени кој метод е најдобар за вас.

Прво, ќе поминете низ третман со кој што ќе ви се отстранат абнормалните клетки кои ја предизвикуваат болеста, користејќи хемотерапија и понекогаш радиотерапија. Ова се нарекува условна терапија. Дента по овој третман, вашите нови матични клетки ќе се вбризгаат во вашата крв на сличен начин како трансфузија на крв.
Кога новите матични клетки ќе навлезат во вашиот крвоток, ќе се придвижат до коскената срцевина и ќе започнат со продукција на нови крвни клетки. По некое време, ова ќе води до развој на нов имун систем кој ќе може да ги препознае и отстрани останатите абнормални клетки во телото. Исто така ќе ве штити од бактерии и вируси кои предизвикуваат инфекции.

Успехот зависи од повеќе фактори. Тука спаѓаат:

  • Возраста на пациентот
  • Крвниот канцер или крвното нарушување
  • Типот на трансплантација
  • Нивното општо здравје пред трансплантацијата

 

Сепак, поради напреднатите третмани и подоброто разбирање на тоа што претставува добар, компатибилен дарител, пациентите генерално живеат подолго и можат подобро да се справат со несаканите негативни ефекти како што е GvHD (болест на трансплантант наспроти домаќин).

Ако сакате да дознаете повеќе за тоа како ова ќе влијае на вашата состојба, ве молите разговарајте со вашиот консултант или медицински тим. Тие ќе ви дадат најточна информација за вашата состојба.

Различни типови на трансплантација на матични клетки

Постојат два главни типа на трансплантација на матични клетки. Тие се различни затоа што матичните клетки кои се користат се колектирани од различно место.

 

  • IДоколку имате автологен (autograft) трансплантант, матичните клетки кои ги примате се ваши, кои биле колектирани пред третманот.

 

  • Доколку имате алоген (allograft) трансплантант, матичните клетки кои ги примате се од некој друг. Тие можат да бидат од некого што го познавате, како брат, сестра или друг член на семејството, или некој кој се приклучил на нашиот регистар. 

 

Типот на трансплантација кој ќе се одбере зависи од видот на крвниот канцер и крвното нарушување, возраста, општото здравје. Достапноста на компатибилен дарител е исто така фактор.

Автологни трансплантанти

Автологната трансплантација на матични клетки им дозволува на докторите да ви дадат високи дози на хемотерапија и/или радиотерапија за лекување на вашата болест- можеби сте го чуле овој процес како терапија со висока доза (high dose therapy).

Со оваа терапија се отстрануваат абнормалните клетки кои ја предизвикуваат вашата болест но исто така може да ги оштети вашата коскен срцевина и имуниот систем. Трансфузијата на вашите матични клетки назад во крвта му дозволува на имуниот систем да се реконструира со тек на време. Матичните клетки мигрираат до коскената срцевина каде што продуцираат нови крвни клетки, а со тоа започнува вашето закрепнување.

 

По трансплантацијата, нема да развиете GvHD затоа што ги примате сопствените матични клетки, па тие нема да реагираат со другите клетки во вашето тело. Но сепак, може да имате некои несакани ефекти и ќе бидете под ризик за развивање на инфекции како што вашето тело закрепнува од трансплантацијата.

 

Автологна трансплантација може да биде третман за вас доколку:

  • Имате крвен канцер како миелома и лимфома
  • Други третмани, како хемотерапија, биле неуспешни
  • Имате одреден вид на канцер кој добро ќе реагира на хемотерапија со висока доза, како што се тумори на герминативни клетки.
  • Имате крвно нарушување кое го афектира вашиот имун систем, како автоимуна болест како што е мултиплекс склероза или Хронова болест (Chron’s disease). Сепак, ова се само ретки случаи кога другите третмани не функционирале.

Трансплантација од крв од папочна врвца

Доколку не се достапни ниту брат,сестра ниту несроден дарител, ќе ви биде понудена трансплантација од крв од папок или т.н хаплоидентична трансплантација.  

 

Крвта од папокот, богата со матични клетки, може да се колектира кога бебето и плацентата се безбедно ‘доставени’од мајката. Клетките се колектираат од папочната врвка веднаш по нејзиното сечење. Процедурата е безбедна и за мајката и за бебето. Крвта потоа се замрзнува и чува во посебна банка, до потреба.

 

Матичните клетки од крв од папочна врвка не мора да се премногу компатибилни со вашиот ткивен тип, споредено со друг извор на матични клетки. Ова е така затоа што тие не се созреани како матичните клетки од крвта, што значи дека може полесно да се најде компатибилен дарител.

Хаплоидентична трансплантација

При хаплоидентичната трансплантација, се користат матични клетки од роднини чиј HLA тип е половина компатибилен со вашиот. Родителите се секогаш половина компатибилни со своите деца и vice versa. Браќата и сестрите имаат 50% шанса да се компатибилни едни со други.

 

Ова значи дека имате поголем избор на потенцијални дарители- речиси сите имаат барем по еден човек во фамилијата со кој се компатибилни.

 

Хаплоидентичните трансплантации стануваат се почести, но за жал не се погодни за секого. Вашиот тим ќе ви даде повеќе информации за вашата најдобра опција.

Трансплантант од несроден дарител

Доколку немате опција на трансплантант од брат или сестра, и вашиот центар за трансплантација смета дека е добра опција, можете да добиете трансплантант од несроден дарител или MUD (Match unrelated donor). Со овој третман, вашите нови матични клетки доаѓаат од некој друг чиј ткивен тип е компатибилен со вашиот.  

 

You can find out more about how we search for unrelated donors in one of the next sections.

Трансплантант од браќа и сестри

Вашите браќа и сестри се луѓето кои најверојатно се компатибилни со вас. Ова е така бидејќи тие ги имаат истите родители како вас , па има 25% шанса тие да имаат ист ткивен тип како вас. Доколку имате браќа и сестри, вашата болница ќе ги тестира нив пред сите други.

 

Трансплантацијата од брат или сестра може да предизвика многу различни емоции за оние кои се вклучени во процесот. Зборувајте со вашиот тим за трансплантација за било какви проблеми во вашето семејство.

 

Нашата ‘Донација на вашите роднини’ страна има повеќе информации за браќата и сестрите и другите роднини кои се спремни да ги донираат своите матични клетки.

Пронаоѓање на дарител за вашата трансплантација на матични клетки

Доколку примате матични клетки донирани од некој друг- роднина, несроден дарител или од крв од папок- тогаш докторите треба да најдат дарител чиј ткивен тип или HLA се совпаѓа со вашиот.

 

Во СФС-ДРС, одржуваме регистар од доброволци кои се подготвени да ги донираат своите матични клетки на некому кому му е потребна трансплантација. Ние ќе бараме компатибилен дарител, ќе ги извршиме потребните тестови и ќе го координираме пристигнувањето на матичните клетки во болницата.

Вие. Не изненадувачки, вие први ќе бидете тестирани за потрагата по компатибилен дарител да може да започне. Некој од болницата ќе ви земе примерок од крв за да направи HLA тест. Резултатот ќе биде испратен до нас за да можеме да ја започнеме потрагата.

Вашите браќа и сестри. Тие ќе бидат следни кои ќе се тестираат. Тие имаат најголема шанса да бидат компатибилни со вас бидејќи ги делите истите родители. Ќе се земат примероци од крв од локалниот доктор/болница и ќе бидат испратени за HLA типизација.

Некој друг? Обично вашето пошироко семејство и пријатели нема да бидат тестирани бидејќи шансите се премали тие да бидат вашиот компатибилен дарител. Доколку тие сакаат да помогнт на други луѓе на кои им е потребна трансплантација, тогаш можат да се пријават на нашиот регистар.

Откако вашиот центар за трансплантација ќе не исконтактира, ние ги пребаруваме сите можни дарители во Македонија за да ја најдеме најдобрата опција. Доколку е потребно, ќе ги пребараме и интернационалните регистри. 

Список од вашите дарители- нашиот тим ќе направи куса листа од можните дарители и ќе ја испрати до вашиот центар за трансплантација во рок од 24 часа. Ќе го исконтактираме секој дарител за да се осигураме дека се се уште достапни за донација. Тогаш тие ќе испратат крвни примероци кои заедно со вашите ќе бидат тестирани. Знаеме дека е тешко да се чека, но овој процес понекогаш може да трае неколку недели.

Избирање на вашиот дарител- во лабораторијата ќе се направат тестови за да се најде најдобриот дарител. Откако сите фактори ќе бидат земени во предвид, како вашиот HLA ткивен тип и што е најдобро за лекување на вашата болест, вашиот медицински тим ќе го одбере вашот дарител.

Договарање на донацијата- кога вашиот дарител ќе биде избран, ќе стапиме во контакт, ќе направиме дополнителни крвни анализи и целосен медицински преглед за да се осигураме дека дарителот е подготвен и здрав за донација.

Откако ќе донираат, ние ќе направиме матичните клетки од дарителот да стигнат до вас најбрзо што може.

Што бараме?

За трансплантацијата да започне, ви треба дарител чиј ткивен тип се совпаѓа со вашиот. Совпаѓањето се прави во однос на човечкиот леукоцитен антиген (HLA- human leukocyte antigen). Вашиот HLA е она што ве прави вас, вас- вашите индивидуални генетски карактеристики.
Вашиот HLA тип се состои од повеќе гени, но кога станува збор за совпаѓање и барање на дарител, најважни ни се 6 од нив. Секој од овие 6 гени има по две алтернативни верзии односно алели, правејќи ги вкупно 12. Наследувате една верзија од својата мајка а другата од својот татко. Кога станува збор за совпаѓање помеѓу вас и дарителот, ако 11 од овие гени се совпаѓаат, ова се нарекува 11/12 компатибилност. Ако сите 12 се совпаѓаат, 1212 компатибилност односно совпаѓање. Многу е важно вашиот доктор да го одбере најдобриот дарител затоа што тоа ќе му овозможи на вашето тело најдобра шанса на прифаќање на матичните клетки.
Ве тестираме да видиме дали сте позитивни за цитомегаловирус (CMV)- многу чест вирус кој најчесто нема негативни ефекти. Идеално, сакаме да најдеме дарител кој ќе има ист резултат на вашиот тест. Има растечки докази дека кога пациентот и дарителот имаат ист резултат од тестот за CMV, се зголемува успешноста на трансплантацијата.

Finally, we will consider the age of your donor too. This is because our research has confirmed that transplants are generally more successful when younger donors are selected

најверојатно е дека пациентите ќе најдат дарител со слична етничка припадност затоа што нашите HLA типови се наследни; иако е можно дарител да ви биде и некој кој не е со иста етничка припадност како вас. Научна фондација Спироски – Дарителски регистар за срцевина работи напорно, за да ги охрабри луѓето од малите етнички заедници да се зачленат на регистарот за матични клетки. Исто така промовираме употреба на алтернативни извори на матични клетки и разгледуваме начини како тоа да го направиме достапно за сите.
ако имате HLA тип кој е редок, потешко е да се најде компатибилен дарител затоа што има помалку луѓе со вашиот ткивен тип.
Ако не може да се најде соодветен возрасен дарител, вашиот тим ќе дискутира за можните алтернативи со вас.

Вашиот координатор за трансплантација ќе биде во тек со прогресот на пребарувањето. Ако има некакви тешкотии, ќе ви кажат. Во зависност од вашата состојба, можеби ќе ви треба дополнителен третман кој ќе помогне да се контролираат симптомите во текот на тој период.
Додека се чека за трансплантација, некои пациенти, нивните пријатели и семејства почнуваат да ја поддигаат свеста на луѓето да се приклучат на регистарот.


Има илјадници нови дарители кои се приклучуваат на регистарот, од секаде на светот, а вашиот доктор и нашиот тим ќе бидеме фокусирани да го најдеме вашиот најприкладен дарител.

Во Научна фондација Спироски – Дарителски регистар за срцевина, не можеме да прифаќаме барања за потрага по дарител од индивидуални пациенти или нивните семејства. Ако живеете надвор од Македонија возможно е да го пребараме нашиот регистар но барањето мора да биде испратено од регистарот за матични клетки на вашата држава. Вашата болница ќе исконтактира со регистарот на вашата држава.  

Ние не сме болница и не можеме да ги организираме трансплантациите.