СПОНЗОРСТВА

НФС - Дарителски регистар за матични клетки (НФСДРМК)

НФС - Дарителски регистар за матични клетки (НФСДРМК) е формиран во 2021 година, како дел од проектот Цивика мобилитас поддржан од Швајцарска амбасада. Основната цел на НФСДРМК е да обезбеди поврзување на лица кои што се болни од крвен канцер или друго заболување на крвта кое што се лечи со трансплантација на матични клетки, од луѓе кои доброволно се пријавуваат како потенцијални дарители. За таа цел НФСДРМК врши едукација на населението за можноста директно да се спаси нечиј живот и придонесува за зголемување на бројот на пријавени и анализирани потенцијални дарители на матични клетки во нашата земја.
Молекулските испитувања, односно ХЛА типизација на земениот материјал (брис од образ) од потенцијалните дарители се прави во Histogenetics, САД – акредитирана лабораторија за ваков тип на испитувања. Станавме член во Светската Асоцијација за дарители на срцевина (WMDA). Во 2022 година направивме анализа на 500 примероци од доброволни дарители (од 18 до 55 години) кои што за нас слушнаа преку социјалните мрежи, ТВ и на дарителските акции ширум Македонија на разни настани како маратони, семинари и музички настани.
Но, за ефикасна помош на болните неопходен е поголем број на дарители за матични клетки (сега изнесува 0.12% од популацијата во нашата земја, а треба да биде најмалку 1%). Најголемиот трошок за успешно функционирање на НФСДРМК е молекулската анализа (ХЛА - типизација) за едно лице која изнесува 2500 денари, а регрутирање на едно лице во дарителска акција изнесува 600 денари или вкупно 3100 денари по еден дарител.
На располагање нудиме различни спонзорски пакети: бронзен, сребрен, златен, и платинест спонзор. Ние се обврзуваме да го вклучиме логото и линк до спонзорот за една година после меѓусебно потпишан Договор за спонзорство.

Една година спонзорирање Бронзен спонзор Сребрен спонзор Златен спонзор Платинест спонзор
Спонзорите во денари (за една година) 62.000,00 155.000,00 310.000,00 620.000,00
Покривање молекулска анализа за дарители 20 50 100 200
Текст за спонзорот со линкови во Дарителски регистар за матични клетки
Лого од спонзорот во Дарителски регистар за матични клетки
Текст за спонзорот со линкови во Научна фондација СПИРОСКИ

РЕГИСТРАЦИЈА

ДОНАЦИЈА

СПОНЗОРСТВО

registration-qr
donation-qr
sponsorship-qr

Ако имате какви било прашања, барате повеќе информации или имате друг предлог за спонзорство што нам би ни биле од корист, на info@sfsmdr.mk, на тел. 0800 08888, или на +389 71 212 233.