Нашата коалиција

Основана на 25.03.2010 година во Скопје, Ул.” Водњанска” број 17, единствен матичен број (ЕМБ) 6473681, Единствен даночен број (ЕДБ) 4080010510536.

Ниво на дејствување на организацијата е промоција развој и ширење на здраствената свест. Главен сектор на дејствување на организацијата е едукација од областа на здравството на младата популација во Република Северна Македонија.

 

Тематски приоритети на организацијата се: подобрување на квалитетот на медицинската едукација во Македонија преку организирање на едукативни и истражувачки активности, реализирање на професионални и истражувачки размени со земјите членки на ИФМСА, придонесуваме за подигање на квалитетот на професионалното знаење на студентите и ја поттикнуваме свеста во јавноста за медицинските и здравствени прашања што влијаат врз населението.

Основана на 20.09.2019 во Штип, Ул. 8-ми март, бр. 3, Штип, Единствен матичен број (ЕМБС) 7383002, Единствен даночен број (ЕДБ) 4029019523090.

Главен сектор на дејствување на организацијата е здравје и здравствена заштита.

Тематски приоритети на организацијата се: соработка со национални и интернационални студентски и медицински организации; невладини организации и јавни институции; подигнување на свеста во однос на здравјето и благосостојбата; ангажирање околу унапредување на условите и стандардите на здравството; грижа, заштита и унапредување на здравјето на работничките и работниците; потенцирање на здравјето на мајката и новороденчето; отворање перспективи за подобрување на менталното здравје; промена на перцепцијата за лицата со попречености преку нивна инклузивност во општеството; промоција на здравјето и здрави животни навики.