Нашите надворешни соработници

Д-р Игор Спироски

Надворешен соработник

Роден е на 4.08.1972 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје (1978-1990). Дипломирал на Медицински факултет во Скопје во 1999 година. Вработен е на Клиника за кардиологија при Медицинскиот факултет во Скопје од мај 2000 година. Специјализација по Интерна медицина завршил на Медицинскиот факултет во Скопје во 2006 година.

Во студентски денови бил претседател на Научниот клуб „Акад. д-р Димитар Арсов“ (1994-1996). Како лекар редовно учествувал во активности на континуирана медицинска едукација: ЕСЦ симпозиумот за стрес ехокардиографија во миокардна исхемија во 2002 година во Белград, Србија како и на Симпозиумот за инвазивно одредување на контарктилитетот во 2003 година во Боровец, Бугарија. Учествувал на Конгресите на Европското здружение за кардиологија во 2003, 2004, и 2006 година, како и на Семинарот за кардиологија во Салцбург, Австрија во 2004 година. Во 2008 година учествувал на Мастерклас симпозиумот за акутен коронарен синдром во Минхен, Германија. Во септември 2010 година бил предавач на Школата за интервентна кардиологија организирана во Брисел, Белгија, намената за младите кардиолози од Република Македонија и регионот. Неколку пати бил предавач на Курсот за интервентна кардиологија во Париз (2013-2019). Бил ментор за радијален пристап во Клагенфурт, Австрија во 2011 година. Престојувал еден месец во Лабораторија за интервентна кардиологија во октомври 2013, во УКЛА центарот за World Health David Geffen School of Medicine, во Лос Ангелес, Калиформија.

Член е на Македонско лекарско друштво, на Македонско здружение за кардиологија на ин Европско здружение за кардиологија. Во монетов (март 2021 година) назначен е за раководител на Лабораторија за интервентна кардиологија приКлиниката за кардиологија во Скопје, Република Македонија.

Негов посебен интерес се методите за интервентна кардиологија: перкутани коронарни интервенции, перкутани каротидни и периферни интервенции, лекување на вулнерабилни плаки/акутен коронарен синдром како и третман на хронични тотални оклузии, интервентен пристап во решавање на структурни болести на срцето.

Д-р Ели Ѓулејиќ

Надворешен соработник

Даниел Велјановски

Надворешен соработник

Даниел Велјановски е роден во Скопје во 1977-ма година. Дипломирал филмска и ТВ монтажа, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде има и магистрирано.

Работел за домашни и странски продукции како монтажер и аниматор. Има монтирано бројни документарни и едукативни емисии, игран филм, реклами, музички видеа, репортажи, корпоративни видеа. Извесен период работел како предавач по предметот компјутерска монтажа на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“.

Со проектот „Т-Wow“ за автоматско синхронизирање на видеа од мобилни уреди учествувал во финалето на Telekom Innovation Contest, одржан во Берлин 2013-та, организиран од Deutsche Telekom.

Две години подоцна со проектот „Woowave Dreamsync“ настапил на „NAB Show“ во Лас Вегас, како изложувач во startup loft субвенциониран од National Association of Broadcasters (NAB).

Со тимот на Woovawe настапува и на саемот „IBC Show“ во Амстердам под покровителство на „European Media Innovators Exhibiting with i3”, дел од European Broadcasting Union (EBU), со програмот „Entangle“ за автоматска транскрипција на говор од видео во програмите за монтажа „Avid Media Composer“ и „Аdobe Premiere“.

Д-р Емирјета Бајрами

Надворешен соработник

Емирјета Бајрами е родена 1982 година во Штиме, Косово. Завршила Медицински факултет во Приштина, Косово (2001-2007). Специјализирала педијатрија – неонатологија на Клиника за детски болести, Универзитетски клинички центар Косово, Приштина (2010-2016). Запишана е на Школа за докторски студии, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје, Република Македонија (2013). Од 2017 година работи како неонатолог на Универзитетски клинички центар Косово во Приштина. Избрана е за асистент по физиологија на Медицински факултет, Универзитет во Приштина, Косово.