Нашите амбасадори

Д-р Дуке Бојаџиев

Композитор, амбасадор на НФС – Дарителски регистар за срцевина

Дуке Бојаџиев интерес за музика покажал уште во младоста. Свирел пијано од тригодишна возраст, а првпат компонирал на десет години. Следејќи го неговиот татко, кој балансирал две успешни кариери, музика и медицина, Дуке ја стекнал својата диплома по медицина, а потоа се преселил во Бостон, за да присуствува на музичкиот колеџ Беркли. По дипломирањето во 2001 година, тој се преселил во Њујорк.
Дуке Бојаџиев работел како продуцент и композитор за оскаровците Џонатан Дем и Данис Тановиќ, како и за номинираниот за Оскар Столе Попов на неговиот последен филм „До балчак“. Од 2005 година тој бил две и пол години музички директор и пијанист за The Citizens Band. Работел на глобални рекламни кампањи за Peugeot, Mercedes, L’Oréal, Lancôme и Anna Sui. Дуке Бојаџиев има произведено ремикси за Cyndi Lauper и Blue Man Group и го усовршил својот инвентивен стил преку настапи со различни ансамбли во NYC Carnegie Hall, Highline Ballroom, Cipriani Ballroom, The Box, Drom NYC, Art Basel во Мајами, The Avalon Theatre во Лос Анџелес и Охридскиот летен фестивал.
Дуке започнал со концерти во 2011 година, во соработка со Македонскиот филхармониски оркестар, Тања Царовска, Каролина Гочева и други имиња од музичкиот свет. На 8 октомври 2015 година во Карнеги Хол имал концерт со Chamber оркестар.
Дуке има издадено седум албуми, а неговата музика е претставена на светски познати компилации на ЦД како Buddha Bar XIV, Chill Out In Paris и Marrakech Express.

Д-р Крсте Роџевски

Пејач, амбасадор во НФС – Дарителски регистар за срцевина

Д-р Роџевски е дипломат на Американскиот одбор за психијатрија и неврологија и член на Американската психијатриска асоцијација. Израснал во Европа, каде што дипломирал медицина на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Македонија.
За време на неговата медицинска обука, тој комплетирал програма за размена на Универзитетот во Сао Паоло, Бразил, преку Меѓународната федерација на студенти по медицина, спровел клиничко-истражувачка работа за живи несродни дарители и платена трансплантација во Индија и бил претставник на Генералното Собрание на Европската медицинска студентска асоцијација во Амстердам, Холандија. По медицинскиот факултет, Д-р. Роџевски комплетирал двегодишна истражувачка стипендија на Одделот за психијатрија на Универзитетот Колумбија, истражувајќи ги невропатолошките карактеристики на психијатриските нарушувања во истражување поддржано од Националниот институт за ментално здравје (NIMH).
Специјализацијата по психијатрија ја завршил во болничкиот центар Св. Лука Рузвелт-универзитетска болница на Колумбискиот универзитетски колеџ за лекари и хирурзи, каде што бил главен резидент и заменик директор за обука. Д-р Роџевски дипломирал на програмата психоаналитичка психотерапија во Колумбискиот центар за психоаналитички обуки и истражувања и добил дополнителна обука за психотерапии фокусирани на трансфер (TFP) на институтот за личности со растројства Веил Корнел Медицинскиот колеџ. Покрај тоа што е член на Извршниот совет на Психијатриското друштво на округот Њујорк на Американската психијатриска асоцијација и на Медицинскиот факултет на NYU и Универзитетот Колумбија, тој е исто така член на Американската психијатриска асоцијација и на Здружението за психоаналитичкa медицина (Psychoanalytic Medicine).

Гоце Трпков

Музичар, амбасадор на НФС – Дарителски регистар за срцевина

Гоце Трпков (диџеј Гоце) е музички продуцент вклучен во хип-хоп културата од раните 90-ти години. Неговиот прв албум „Сафизам“, издаден во 2000та година од S.A.F., бил проследен со големо шоу со специјален гостин Das Efx и 3 албуми – првото хип-хоп винил издание на Балканот!

Заедно со неговиот партнер Димитри од Чаир, тој ја формирал Bootlegz Entertainment и ја започнал првата хип-хоп резидентна клубска вечер во Северна Македонија. Оттогаш, Гоце Трпков бил музички продуцент за многу талентирани национални и регионални уметници, работел како копродуцент и диџеј за ТВ емисии на национална телевизија, бил ко-домаќин на првата работилница Turntablizm во С. Македонија на која учествувал DJ Strajk, DJ Venom (Ex-YU DMC шампион) и DJ Rondevu како специјален гостин.

Од 2013 година, Гоце е официјален диџеј на српскиот хип-хоп-издавач Bad Copy и заедно со нив патувал по големите настани на Балканот. Во 2017 година, албумот „Land Of Confusion “ на Conquering Lion, кој го продуцирал Гоце, беше номиниран за наградата Греми во категоријата најдобар реге албум.

Андреј Ѓорѓиески

Пејач во ДНК, амбасадор на НФС – Дарителски регистар за срцевина

Дуото ДНК е оформено во 2001 година, а е составено од Андреја Ѓорѓиески – Андреј роден на 09.02.1982 година во Скопје и Владимир Блажев- Панчо роден 29.07.1979 год исто така во Скопје.

Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ ( за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Поддршката која ДНК секојдневно ја добиват од својата публика им донесе енергија и љубов да го изработат и нивниот втор албум кој излезе во јуни 2010, насловен " Кажано е се". Албумот кој содржи 18 песни го издаде нивната матична куќа "Продукција Република", а продуцент на целиот албум е Врчак. "Кажано е се" доби и свое ексклузивно пакување што беше промовирано и пуштено во продажба во август 2010 година. Во јануари 2011 ДНК одржаа свој концерт во клубот "Колосеум" во Скопје, кој беше најава за големиот концерт што треба да се случи на 24 септември оваа година.