Како да се пријавам?

За некој со крвен канцер или нарушување на крвта, неверојатен странец кој ги донира своите матични клетки може да биде неговата најдобра шанса за преживување.

Ако сте се зачлените во НФС – Дарителски регистар за матични клекти и еден ден се појавите како генетско совпаѓање, можете да бидете тој неверојатен странец. Без тебе нема лек.

Дали сте знаеле?

Доколку сте маж и/или од малцинска етничка припадност, можете да направите уште поголема разлика за пациентите бидејќи таквите дарители ни се најпотребни.

За да аплицирате за да се зачлените во регистарот на матични клетки, треба да го пополните нашиот формулар за да побарате пакет со стапче за земање примерок, да го направите тоа и да ни го испратите.

Што треба да знам пред да се пријавам?

Погледнете го анимираното видео подолу за да дознаете повеќе.

Премногу е важно да се знае што се добива со регистрицајата во дарителскитиот регистар за срцевина.

Клучни работи кои треба да се запаметат:

  • Ќе бидете во нашиот регистар до вашиот 61 роденден, но ние ќе ве замолиме да ги дарувате вашите матични клетки ако се спарат со некого на кого му се неопходни.
  • Има два вида дарувања кои може да ве замолиме да дарувате, и вие треба да сте согласни со двата затоа што зависи што е најдобро за пациентот:
    • 90% од луѓето даруваат преку нивната крвт – ќе примите неколку инекции неколку дена пред, а потоа ќе одите во болница на едн ден каде што ќе ви се собираат матични клетки од вашата крв за околу 4-5 часа и ќе се филтрираат преку специјална машина.
    • 10% од луѓето даруваат преку нивната коскена срцевина – клетките се собираат од вашите карлична коска додека сте под општа анестезија за да не ја осеќате постапката – ќе останете во болница две ноќи.

Ако имате прашање кое не сме Ви го одговориле тогаш Ве молам исрпатете ни e-mail на нашиот тим на адресата:

Или јавете се на бесплатниот (зелен) број:

Дали сте знаеле?

Треба да сте на возраст од 18 до 55 години за да се придружите на нашиот регистар на матични клетки. Истражувањата покажаа дека помладите донатори ја зголемуваат шансата на пациентите да преживеат.

Што се случува откако ќе се приклучите на регистарот за матични клетки?

Не заборавајте...

...да ги ажурирате вашите контакт информации на sfsmdr.eu/mydetails за да можеме бргу да Ве исконтактираме доколку сте компатибилен дарител.

1. Пополнете образец

Имаме формулар за апликација online што ги поставува сите правилни прашања:

  • Вашите детали, вклучувајќи возраст, висина и тежина за да проверите дали ги исполнувате условите, како и информациите за контакт
  • Медицински прашалник за да бидете сигурни дека сте во добро здравје за да донирате. Да ве заштитиме е наш врвен приоритет!
  • Резервен контакт со кој можеме да стапиме во контакт ако имаме проблем да да ве исконтактираме доколку излезете како компатибилен дарител

2. Испратете го назад брисот

Откако вашата апликација ќе биде одобрена, ние ќе ви го испратиме пакетот со стапчиња за земање брис за да го направие тоа и да ни го испратите што поскоро. Можеме да ве додадеме во регистарот само откако ќе ги добиеме брисевите во нашата лабораторија подготвени да го откриеме вашиот ткивен тип.

3. Подготвени сте за спасување животи

Ќе добиете е-маил и дарителска картичка по пошта кога ќе заврши апликацијата. Ако веќе не сте го сториле тоа, сега е време да му дадете до знаење на светот дека сте # подготвени да спасите живот!

Откако ќе ги испратите тие твитови / Whatsapps /, ќе им кажете на најблиските и најмилите, време е да почекате и да видите дали еден ден ќе добиете повик за да кажете дека сте компатибилен дарител.

1. Вие сте компатибилен дарител!

Ако ве идентификуваат како потенцијално компатибилен за пациент, тогаш ќе бидеме во контакт! Ќе ви се јавиме, ќе ви испраќаме е-mail и пораки за да се осигураме дека ќе ве најдеме - вратете му на нашиот тим што е можно поскоро.

Ќе ве замолат да дадете некои примероци од крв, и ако совпаѓањето е потврдено, тогаш ќе имате медицински преглед за да бидете сигурни дека е сосема безбедно да донирате.

Дали сте знаеле?

Ќе донирате во еден од центрите за колектирање на матични клетки. Тие се во Скопје или ви некоја соседна земја.

За време на корона вирус пандемијат, правиме дополнителни здравствени проверки за да обезбедиме заштита на нашите пациенти и дарители.

2. Вашата донација

Кога вашата донација може да се реализира, ние ќе поставиме датум кој ви одговара и ќе организираме апсолутно сè.

Дали сте знаеле?

Ќе платиме за вашето сместување во хотел и пат, за вас и вашиот придружник, и ќе покриеме секаков вид на разумни трошоци и загуба на заработка.

Ќе биде побарано од вас да донирате на еден од двата начина, или преку крвотокот или од коскената срцевина. И двете постапки се спроведуваат илјадници пати секоја година и се многу безбедни. Сè ќе ви биде објаснето пред денот на донирање, вклучувајќи ги и несаканите ефекти што треба да ги очекувате (можете да прочитате повеќе за ова подолу) и како да се справите со нив, и ќе имате многу време да поставите какви било прашања.

Дали сте знаеле?

9 од 10 луѓе донираат преку својот крвоток во процес наречен PBSC. 1 од 10 луѓе донира преку својата коскена срцевина под општа анестезија.

Без разлика на методот преку кој ќе донирате, ќе добиете посета или телефонски повик од волонтер на Научна фондација СПИРОСКИ – Дарителски регистар за срцевина за да ви каже огромно благодарам од сите нас.

Дали сте знаеле?

Вашата донација ќе биде целосно анонимна и ќе се изведе во Република Македонија или во една од соседните земји. Вашите донирани матични клетки можат да помогнат некому, било каде во светот!

3. По вашата донација

Откако ќе донирате, нашиот прекрасен тим за следење на дарители ќе ве провери за да се осигураме дека сте во ред.

Повеќето дарители ќе почувствуваат некои несакани ефекти како резултат на нивната донација, но тие обично се благи и се подобруваат со одмор:

  • Ако донирате преку крвотокот, најчестиот несакан ефект е болката во коските по вашите пред-донациски инјекции, бидејќи вашето тело е зафатено со производство на дополнителни матични клетки. Можеби ќе се чувствувате истоштено - земањето парацетамол и одморот треба да ви помогнат, а тие брзо ќе исчезнат по денот на дарување.
  • Ако донирате преку коскената срцевина, ќе чувствувате болка во областа околу коските од задната страна од каде е земена коскената срцевина и ќе имате некои модринки, како и ќе се чувствувате уморни по општата анестезија. Повторно, земањето парацетамол и одморот треба да помогнат.

Ние, исто така, одржуваме контакт со нашите дарители во следните 10 години за да се осигураме дека сте добро.

Во зависност од правилата во различни земји, нашиот тим за дарители може да ви помогне да остварите контакт со вашиот реципиент доколку сакате - ова ќе биде анонимно првите две години.

Што велат дарителите, како изгледа дарувањето?

Дали е болно?
'Очекував дека постапката ќе биде болна и многу напната и сериозна, но во суштина завршив само со дремка и гледав неколку филмови. Беше пријатно особено со загреани ќебиња за да дозволат крвта да ми тече подобро. Се на се, беше прилично терапевтско'

'Никогаш порано не сум бил под општ анестетик, но тоа не беше толку голема работа како што мислев дека е. Бев уморен, но кога закрепнав, лежев и не чувствував како да имам направено нешто '

Дали треба да земам слободни денови од работа?
'Процесот беше толку лесен, бидејќи сето тоа беше направено според мене. Тие ги прилагодија моите слободни денови и кога можев да се отидам кај нив, а мојот работодавец рече дека можам да одморам колку што ми е потребно.'

Дали сте знаеле?

Ќе треба да земете неколку слободни дена од работа за вашата донација и закрепнување- ако вашиот работодавец не сака да ви даде платени денови, ние ќе ја покриеме таа загуба.

Што ако се плашам од игли?

'Не ми е најпријатно околу, не сум заинтересиран за крвни тестови, не сум заинтересиран за такви работи. Но, овој процес беше олеснет од сите вклучени, па ако некој се двоуми да се регистрира заради слични стравови како што ги имав јас, нем аза што да се грижите. Сметам дека спасувањето на нечиј живот зборува само за себе. '

Дали се сите прашања одговорени?

Потребно е да имате над 18 години за да се зачлените во регистарот на матични клетки за да дадете „информирана согласност“. Бидејќи донацијата на матични клетки е доброволна и не е од директна корист за дарителот, родител / старател не може да даде согласност во име на малолетник.

Многу е веројатно дека младите мажи ќе бидат избрани да донираат од центрите за трансплантација и да обезбедат повеќе од половина од сите донации, но сочинуваат само 18% од нашиот регистар.

Можете да се приклучите на регистарот ако земате PrEP. Но, ако од вас биде побарано да донирате од сега до кога ќе наполните 61 година (што е во просек 1 на 800 шанси), тогаш можеби нема да можете да донирате ако сте земале PrEP во претходните неколку месеци. Тоа е затоа што PrEP го попречува процесот на тестирање низ кој поминуваат сите потенцијални донатори.

Можете да се приклучите на регистарот доколку сте ја примиле вакцината COVID-19. Но, ако од вас биде побарано да донирате (што е во просек 1 на 800 шанси), тогаш можеби нема да можете да донирате ако сте ја примиле вакцината во претходните 28 дена. Тоа е затоа што антителата од вакцината ќе го попречат процесот на тестирање низ кој минуваат сите потенцијални донатори.

Луѓето од малцинска етничка припадност имаат поголема веројатност да имаат поретки типови на ткива, што го отежнува наоѓањето на соодветен дарител за пациентот. Веќе има илјадници луѓе од малцинско етничко потекло во нашиот регистар на матични клетки, но треба да се осигураме дека тие се презастапени во регистерот за да помогнеме да се најдат повеќе совпаѓања.

Не. Треба да бидете само на еден регистар, бидејќи секој пат кога пациентот ќе има потреба од трансплантација, нивната болница ќе го контактира НФС Дарителски регистар за срцевина и ние ќе ги пребараме сите потенцијални дарители во Република Македонија и низ целиот Свет за да најдеме компатибилен дарител.

Можете да го испратите вашето име и датум на раѓање до нашиот тим за да можат да проверат. Пратете е-mail на donor.support@sfsmdr.eu donor.support@sfsmdr.eu

На крајот, зависи од докторот дали на пациентот дали ќе му требаат матични клетки колектирани од крвотокот или од коскената срцевина врз основа на тоа што е најдобро за пациентот. Затоа треба да разберете и да бидете подготвени да донирате преку двата методи.

Мнозинството луѓе од нашиот регистар никогаш не донираат. Откако ќе се запишете во регистарот, имате шанса 1 на 800 да бидете замолени да донирате во следните пет години. Но, вашата шанса да бидете избрани да донирате зависи од вашата возраст и пол. Еден млад човек на возраст од 18-30 години има шанса 1 спрема 200 да биде избран да донира во следните пет години. Ќе донирате само доколку имате сличен тип на ткиво на оној кој има очајна потреба од трансплантација.

Можете детално да го прочитате целиот процес на нашата страна за дарители на PBSC и на страната за дарители на коскена срцевина. Запомнете да се вратите на оваа страна за да се пријавите кога сте подготвени!

Вашиот реципиент ќе биде подложен на третман за да дојде до денот на трансплантација на матични клетки. Вашите клетки ќе му овозможат на нивното тело да развие сосема нов имун систем што може да помогне да се запре крвниот канцер или да се врати нарушувањето на крвта. Неверојатно е да се даде некому втора шанса за живот, и сè започнува со кликнување на ова копче!

Доколку имате прашање на кое не сме одговориле овде, испратете е-mail до нашиот тим на info@sfsmdr.mk

Што да направам ако не можам да се приклучам?

Ако не сте во можност да се зачлените во регистарот или едвај чекате да започнете да спасувате животи, тогаш постојат неколку многу важни начини на кои можете да помогнете во растот на регистарот на матични клетки во моментов: